Инфлацијата во Германија достигна рекордно ниво

107

Инфлацијата на потрошувачките цени во Германија го достигна највисокото ниво од повторното обединување, покажуваат конечните податоци од Федералниот завод за статистика Destatis.

Индексот на потрошувачките цени е зголемен за 7,3 проценти на годишно ниво, додека во февруари изнесуваше 5,1 отсто, што е најбрзата стапка од обединувањето на Германија.

Податоците покажаа дека цените на артиклите се зголемени за 12,3 проценти поради зголемувањето на цените на енергенсите за 39,5 отсто.

Цените на храната се зголемени за 6,2 проценти, а цените на услугите забележа раст од 2,8 отсто.