
Според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во Италија малку се намали во август од јулските 1,7 проценти на 1,6 проценти, но потрошувачката кошничка е сè уште под притисок, објави денес Националниот институт за статистика (Истат).
Забавувањето на инфлацијата главно се должи на понискиот раст на цените на регулираните енергетски производи, кои забавија од 17,1 процент на 12,9 проценти на годишно ниво, додека падот на цените на нерегулираните енергетски производи се забрза од 5,2 проценти на 5,9 проценти.
Цените на непреработените прехранбени производи во Италија, пак, го забрзаа растот од јулските 5,1 процент на 5,6 проценти, како и цените на преработената храна, за три проценти во споредба со јулските 2,8 проценти.











