Инфлацијата во САД пониска од очекуваното, Волстрит нагло скокна

67

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во средата по најавата дека американската инфлација во јули изнесува 8,5 отсто на годишна основа, помалку од очекуваното и пониска од еден месец претходно, што ги зајакна надежите на инвеститорите дека ФЕД сега ќе биде помалку агресивен со зголемување на каматните стапки.

Индексот Dow Jones порасна за 535,1 поен или 1,63 отсто, на 33.309 поени, што ја оствари најголемата дневна добивка во последните три недели. Истовремено, индексот S&P 500 скокна за 2,13 отсто, на 4.210 поени, највисоко ниво од мај, а Nasdaq за 2,89 отсто, на 12.854 поени. И двата индекса остварија најголем дневен скок во последните две недели.

Остриот пад на цената на бензинот помогна да се забави растот на годишната инфлација во најголемата светска економија од рекордните 9,1 отсто во јуни на 8,5 отсто во јули. На месечно ниво, индексот речиси стагнира, откако во јуни порасна за 1,3 отсто, соопшти Министерството за труд.

Овие податоци предизвикаа пораст на цените на акциите, бидејќи тоа е првиот забележлив знак на олеснување за Американците, кои внимателно го следат растот на цените со месеци.