Инфлацијата во Србија лани била 2,2%

17

InflationИнфлацијата во Србија во 2013 година била 2,2%, додека во декември изнесувала 0,2%, соопшти Републичкиот завод за статистика на Србија, пренесува Танјуг.

Просечниот годишен раст на потрошувачките цени во 2013 година бил 7,8%.

Раст во декември е забележан кај облека и обувки, комуникации, храна и безалкохолни пијалоци, алкохолни пијалоци и тутун, како и кај транспортот.

Пад на цените е забележан во групата стан, вода, електрична енергија, гас и други горива.