Инфлацијата во Велика Британија на рекордно тридецениско ниво

70

Инфлацијата во Велика Британија во февруари достигна 6,2 проценти што е највисоко ниво регистрирано во земјата после три децении, објави Националната служба за статистика.

Цените на стоките за широка потрошувачка во земјата растат што придонесе за инфлаторен скок, од 5,5 отсто во јануари на 6,2 проценти минатиот месец.

Oфицијалните податоци британската статистика ги објави во мигови кога министерот за финасии, Риши Сунак, треба да ги објави најавените измени во буџетот насочени кон намалување на цените на трошоците за живот во земјата.