Инфлацијата во САД забрза во август, покажа денеска извештајот на Министерството за труд, со нагло поскапување на бензините на месечно ниво.
Годишната стапка на инфлација во најголемата светска економија во август порасна на 3,7 отсто, од 3,2 отсто во јули, се наведува во извештајот на Министерството.
Кога се исклучени цените на храната и енергијата, таа падна од 4,7 на 4,3 отсто. На месечна основа, потрошувачките цени во САД пораснаа за 0,6 отсто, трипати посилно отколку во јуни и јули.
Транспортните услуги пораснале најмногу на годишна основа, за 10,3 отсто, по растот од 9 отсто во претходниот месец. Осигурувањето на возила порасна за 19,1 отсто, дури и повеќе отколку во јули, пренесе агенцијата Хина.