Инфлуенсери ја напуштаат Шпанија и се селат во Андора

26

Десетина млади јутубери, инфлуенсери и играчи на онлајн покер, чии активности се одвиваат на интернет, ја напуштаат Шпанија каде што данокот на доход на најбогатите луѓе е 47%, па пријавуваат место на престој во соседна Андора, каде што би плаќање само 10% данок.

“Пред една година тука дојдоа четворица млади играчи на покер. Се сместија привремено додека не најдат друго место во едно блиско село. Потоа веќе не ги видов“, вели сопственик на хостел во стариот дел на главниот град на Андора, во разговор за хрватската агенција Хина.

Тие играчи на покер дневно поминуваат по осум часа, анализирајќи ја играта на другите играчи, во водење статистика, како и во учество на онлајн натпревари. Сето тоа го прават на интернет, па можат да работат од каде ќе посакаат.

Андора, мала држава, што граничи со Шпанија и Франција, во последните неколку месеци станува ветена земја за новата генерација на млади инфлуенсери.

“Тие тука носат пари, а имаат корист бидејќи тука данокот е помал одошто во Шпанија и Франција. Ние не сме даночна оаза, туку земја со пониска каматна стапка“, вели сопственикот на хостелот.

Финансиските услуги се еден од најважните сектор во Андора, во чиј бруто домашен производ трговијата и туризмот учествуваат со 60%.

Фото: Pexels