Инфлуенсери основаа синдикат

45

Група британски модни инфлуенсери основаа синдикат, како одговор на разни лоши практики, како што се дискриминација на различни нивоа и нееднаквост во плаќање.

Покрај цените, синдикатот наречен The Creator Union, во Велика Британија ќе регулира и формални договори, разни мерки на осигурување и намалување на голем број други дискриминаторски практики.

Сличен чекор презедоа и американските колеги кои го основаа Influencer Council, којшто не е синдикат, туку непрофитна трговска организација основана во јуни од страна на Кјана Смит Брунето со 12 колеги.

Иако некои инфлуенсери имаат заштита и подобро развиен бизнис, синдикатите треба да се погрижат секој да има иста позиција и можности за заштита на пазарот и да бидат праведно платени. Со здружувањето, инфлуенсерите ја поттикнуваат транспарентноста и отстранувањето на експлоатациските практики на некои брендови, пракса што е сè повеќе присутна.

“Честопати, дури и познатите брендови не нудат договори,  диктираат хонорари, а на крај не плаќаат навреме“, вели Никол Окран, инфлуенсерка и ко-основач на британската унија The Creator Union.

Фото: Pixabay