Инфо сесија на Фондот за иновации и технолошки развој во Охрид

21

fond-za-inovacii

Микро, малите и средните претпријатија во Охрид на инфо сесија имаа можност да се запознаат со правилата и постапките за аплицирање за средства од Фондот за иновации и технолошки развој, јавува Миа.

Според Катерина Крчева советник во Фондот за иновации, ќе бидат финансирани 15 предлог проекти во вредност од 30.000 евра.

“Средствата што се на располагање се за финансирање на околу 15 предлог проекти и се во износ од 30.000 евра по предлог проект од кои што 85% од вкупниот буџет на проектот го финансира Фондот“, истакна Крчева.

На претходните два јавни повика најголем интерес имало кај ИТ компаниите, но аплицирале и компании од други индустрии, електро – машинска, прехранбена, од областа на земјоделството…

“Средствата од Фондот за иновации ги има искористено и една компанија од Охрид која во моментов е при крај на реализација на својот проект“, информира Крчева.

Повикот ќе трае до први август, а може да аплицираат компании кои постојат помалку од шест години на македонскиот пазар.