Инфографика: 100-те најголеми компании вредат скоро колку САД и Кина заедно

Стоте најголеми компании во светот заедно достигнаа вредност од 31,7 илјади милијарди долари, на крајот на март оваа година, што е за 48% повеќе во споредба со истиот период лани. Само за споредба, како што напоменува Visual Capitalist, бруто домашниот производ на Кина и САД лани беше 35,7 илјади милијарди долари во текот на минатата година.

Според податоците на PricewaterhouseCoopers, компанија со најголема пазарна капитализација е технолошкиот гигант Apple со вредност од 2.100 милијарди долари. Зад него се најде најголемата нафтена компанија од Саудиска Арабија, Saudi Aramco со пазарна капитализација од 1.900 милијарди долари, а на трето место е уште една компанија од САД – Microsoft, чија вредност се проценува на околу 1.800 милијарди долари.

Од 10-те највредни компании, дури седум се од САД, една од Саудиска Арабија (Saudi Aramco) и две од Кина (Tencent и Alibaba).

Нивниот редослед според пазарната капитализација изгледа вака:

Amazon – 1.600 милијарди долари

Alphabet – 1.400 милијарди долари

Facebook – 839 милијарди долари

Tencent – 753 милијарди долари

Tesla – 641 милијарда долари

Alibaba – 615 милијарди долари

Berkshire Hathaway – 588 милијарди долари

Податоците покажуваат дека 59 од вкупно 100 најголеми компании имаат седиште во САД, што е 65% од вкупниот број на компании со најголема пазарна капитализација. Кина е на второ место со 14 компании.

Анализирано според сектори, најголем удел имаат компаниите од технолошкиот сектор (20 на број) со вкупна пазарна капитализација од 10,5 илјади милијарди долари.

Фото: Visual Capitalist