Инфографика: Најбогатите во светот за оваа година

84

Над 567 милијарди долари заработија 10-те најбогати луѓе во светот за помалку од една година. Најголемо внимание привлекоа милијардерите како што Илон Маск, чие богатство се зголеми за 500% во 2020 година, а првиот човек на Amazon, Џеф Безос заработи дополнителни 68,6 милијарди долари. Тој е лидер на листата 10 најбогати на планетата со 181,6 милијарди долари, а во чекор го следат овие девет милијардери: Илон Маск (163,7 милијарди долари), Бернард Арно (156,8 милијарди долари), Бил Гејтс (124,2 милијарди долари), Ворен Бафет (95,1 милијарда долари), Марк Цукерберг (94,6 милијарди долари), Лери Елисон (90,6 милијарди долари), Лери Пејџ (90,3 милијарди долари), Сергеј Брин (87,6 милијарди долари) и Даниел Гилберт (82,7 милијарди долари).

Кгоа се во прашање припадничките на понежниот пол, најбогата жена на планетата е Франсис Бетекур со 74,5 милијарди долари. По нејзе следат: Алис Валтон (61,8 милијарди долари), Мекензи Скот (54,6 милијарди долари), Џулија Коч (44,9 милијарди долари), Јанг Хуијан (31,6 милијарди долари), Жаклин Марс (28,9 милијарди долари), Сузан Клетен (27,5 милијарди долари), Ирис Фонтбона (24,6 милијарди долари), Чина Рајнхарт (24 милијарди долари) и Лорен Пауел (22,2 милијарди долари.

Според анализата на Visual Capitalist предводник на листата најбогати во Кина е Жонг Шаншан со богатство од 74,3 милијарди долари, во Индија тој примат го има Мукеш Амбани со богатство од 80,9 милијарди долари.

Од технолошкиот свет, најбогат е Безос, а кога се работи за финансиите, со “најдебела“ сметка е Бафет.

Доколку се изземат милијардерите од САД и Кина, најбогат е Бернард Арно, втор е Индиецот Амбани, а трет е Армансио Ортега со 78,8 милијарди долари.

Фото: Visual Capitalist