Инфографика: Ризици што го демнат бизнисот оваа година

27

Секој бизнис се соочува со турбуленции во секојдневното функционирање, а пандемијата не само што го забрза динамичното окружување и неизвесноста.

Порталот Visualcapitalist направи инфографика според податоците на Allianz Risk Barometer, во којшто се анализирани податоци од околу 3.000 експерти за управување со ризици и коишто ги наведуваат топ 10 најголеми ризици што им се закануваат на компаниите оваа година.

На врвот се најде ризикот од прекин на работата. Во последните 10 години, овој ризик се најде на врвот на листата седум пати, што значи дека предизвикува неизвесност и пред пандемијата.

Вториот најголем ризик за компаниите е пандемијата, додека зад тој ризик се најде оној што го предизвикуваат сајбер нападите на компаниите.

Случувањата на пазарот, неговата волатилност, притисоци од конкуренцијата, стагнација на пазарните случувања се следниот ризик од којшто најмногу се плашат бизнис лидерите.

Во втората половина од листа се најдоа и ризици поврзани со легислативата, односно промените на законските решенија, природни катастрофи (бури, поплави, земјотреси) и пожари, а меѓу најголемите ризици се и оние поврзани со промени во макроекономски развој (монетарна политика, инфлација и слично), климатски промени и политички ризици.

Фото: Visualcapitalst