Inner Wheel клубот од Скопје со донација за резиденцијата за возрасни лица Дабески

19

Inner Wheel клубот од Скопје во рамки на програмата за организирање хуманитарни активности во земјата, реализираше донација во резиденцијата за возрасни лица Дабески. Донацијата се состоеше во обезбедување поголем број на постелнини, кои на резиденцијата за грижа на возрасни лица секојдневно и се потребни.

“Првите хуманитарни активности за 2015 година ги започнуваме со донација и дружење со една група на граѓани, кои никако не можеме и не смееме да ги заборавиме. Поминавме прекрасно утро пиејќи го првото кафе и дружејќи се со мудрите станари на резиденција Дабески. Оваа активност е само најава за сите следни донации кои ќе ги реализираме годинава”, изјави Анета Антова Пешева, претседателка на Inner Wheel клубот од Скопје.

На јавноста клубот Inner Wheel и е познат по големиот број на настани и хуманитарни активности кои ги организираше во главниот град во изминатата година, главно насочени кон децата и жената во нашето општество. Како што најави претседателката на клубот, програмата за оваа година вклучува организација на кампањи и активности кои ќе опфатат неколку ранливи категории граѓани, како возрасни лица, лица со хендикеп и лица со пречки во развојот.