Иновација на хрватска компанија: Сега секој може да стане сопственик на банкомат

126

Со иновацијата на хрватската компанија Monestiq, која ја креира првата лиценцна франшиза за банкомати во Европа, сега сите ќе можат да станат сопственици на банкомати.

Како што објаснуваат во компанијата, активноста што претходно беше резервирана само за банки и финансиски институции, благодарение на нивното решение, сега е отворена за сите: од угостители и сопственици на деловни активности до претприемачи заинтересирани за посилно вклучување во овој домен на финансиски бизнис, пишува Poslovni dnevnik.

Цената на самиот банкомат е помеѓу 8.000 и 15.000 евра, а ситуацијата на пазарот каде сопствениците на атрактивни простори, претежно во туристички центри, би можеле да го изнајмат својот објект за банкомат и цената од 1.000 евра месечно покажува дека е профитабилен бизнис.

Иван Душевиќ, директор на Monestiq, посочува дека ова е финансиско-технолошко решение што ги комбинира сите потребни протоколи и права за обработка на трансакции и ги поврзува банкоматите со глобалните шеми на картички.

“Ова им овозможува на банкоматите да го прават она што го прават: прифаќаат картички и исплаќаат пари. Во исто време, им овозможува на претприемачите лесно да станат сопственици на еден или повеќе банкомати и да се приклучат на ексклузивна компанија на даватели на услуги во финансиската индустрија“, вели Душевиќ , кој ја изгради својата кариера во меѓународни консултантски компании и сега реши да го искористи своето знаење за трансформација на финансискиот сектор во Хрватска.

Тој додаде дека оваа година Monestiq ќе започне со хрватскиот пазар, по што компанијата планира да се прошири во Европа. Бидејќи слична можност не постои на Стариот континент, компанијата соопшти дека тие веќе имаат барање за правата на франшизата од Унгарија и Германија.