Иновативна ветерна турбина ќе произведува струја од силни ветришта

168

znak-za-veter-1

Хрватскиот иноватор и професор по физика, Ранко Артуковиќ, создаде ветерна турбина што ја користи енергијата на силните ветришта, јавува ХРТ.

Вообичаените ветерници, доколку брзината на ветрот надмине 90 километри на час, се исклучуваат поради безбедносни причини. Но, тоа не е случај со изумот на Артуковиќ, бидејќи неговата турбина ќе биде конструирана така што ќе може да произведува струја и на силна брзина на ветерот.

“Мојата работи на друг принцип, плочите не одат побрзо од брзината на ветрот, не се забрзуваат на тој начин што ќе се вртат додека не се распаднат. Кога ветерот е силен, плочите ќе се движат со неговата брзина, односно ќе се вртат по инерција“, вели Артуковиќ.

За иновативната ветерна турбина не се потребни никакви уреди за сопирање и со самото тоа е поевтина. Исто така, нема електроника или сложени делови, може лесно да состави, а нема да има никаков проблем за нејзино сериско производство.

Цената на произведен мегават струја од оваа хоризонтална ветерна турбина со ротирачка гондола се очекува да биде пет пати поевтина.