Иновативна ветерница го имитира движењето на колибрите и произведува чиста енергија

137

veternica-kolibri

Тунискиот старт – ап Tyer Wind создаде иновативна ветерница којашто го имитира движењето на крилјата на птиците колибри, пишува Inhabitat.

Tyer Wind го реплицира механизмот што им овозможува на колибрите да се одржуваат во воздухот, правејќи движења во формата на бројот осум (8).

veternica-kolibri-1

Вертикалните оски, што ги имитираат крилјата, се направени од јаглеродни влакна. Оските, долги околу 1,6 метри, ја конвертираат кинетичката енергија во електрична без да се загадува животната средина.

Двете оски, чијшто замав зафаќа околу 1,1 метар квадратен, произведуваат струја со излезна моќност од еден киловат час.