Иноватори направија маска за лице преку која може да се јаде

135

Истражувачи од Израел направија заштитна маска за лице низ којашто може да се јаде, односно не треба да се симнува за време на јадење.

Со помош на далечински управувач, маската се отвора и корисникот може да јаде. Функционира така што со стискање на раката се отвора предниот дел, да може јадењето да помине низ маската до устата.

“Маската механички се отвора со помош на далечински управувач, а може да се отвори и автоматски кога ќе се приближи храната до устата“, рече Асаф Гителис, потпретседателот на компанијата Avtipus Patents & Inventions, којашто ја направи маската.

“Со користење на маската може да јадете и да пиете и да уживате. Целосно сте заштитени од коронавирусот“, напомена Гителис.

Од компанијата соопштија дека за неколку месеци ќе почнат со производство и овој производ е патентиран. Цената ќе се движи од 0,85 до 2,85 долари.

Фото: Facebook