Иново Брокер доби согласност од КХВ да се приклучи на регионалната платформа СЕЕ Линк

17

khv

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) даде согласност брокерската куќа Иново Брокер да врши прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност.

Со оваа нова услуга, Иново Брокер АД Скопје ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската, Белградската, Љубљанската и на Македонската берза.

Инаку, брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје е последната од единаесетте членки на Македонската берза којашто ги исполни условите за да се приклучи на регионалната платформа СЕЕ Линк.

На седницата што се одржа на 31 јануари, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови три дозволи за инвестициски советници и две лиценци за работа на брокер.