Инсомниа на Булеварот на книгите

24

Bulevar na knigite - 17 juni 2015 - 08-24casot_x

Светот на книгата и пишаниот збор никогаш не распознаваат годишни времиња, а страста и љубовта кон читањето не се намалуваат, дури ни во овој период кога скалилото на термометарот се искачува сè повисоко.

Сите љубители на нови, а и веќе познати наслови, се поканети да присуствуваат на Ноќ со Книга на Булеварот на книгите, почнувајќи од 8 часот наутро, па сè до полноќ.

На Булеварот ќе можат да се најдат 60 нови наслови, совршени за претстојното лето, каде секој ќе може да навлезе во светот на своите омилени ликови под некоја длабока сенка додека сонцето пишува нови страници.