Интелигентни колички за пазарење во хрватските маркети

141

hr 1

Во хрватските продажни центри стигнаа првите интелигентни колички. Овој иновативен производ е наречен Shop&Touch, а се состои од монитор чувствителен на допир кој служи за комуникација со корисникот и баркод читач. Shop&Touch се поставува на обични колички и лесен е за користење. На мониторот можат да се видам моменталните попусти, да се најде локацијата на посакуваниот производ, а потрошувачот ќе може во секој момент да види каде се наоѓа на мапата на објектот. Уредот ќе ги покажува основните податоци на производот, а купувачот ќе има увид во тоа што се има во количката и вкупниот износ на избраните артикли. Потрошувачот самиот ги скенира производите што ги купува, па така се избегнуваат редовите на касите.

Интелигентната количка е резултат на технолошко – истражувачкиот проект “Интелигентна количка за пазарење во продажни центри” на кој во последните години работеше тим хрватски експерти од различни научни полиња, а го реализираше компанијата Хусар.

Количките веќе се поставени во продажните центри на Конзум во Сплит, а наскоро ќе можат да се најдат во маркетите ширум Хрватска. Интерес за оваа количка покажале и странски трговци ланци.

hr