Интерактивна телевизија бесплатно достапна за сите нови активации на Вип Комбо

36

dimitar-kovacevski-itv-press-10-custom

Телекомуникацискиот оператор Вип воведува интерактивна телевизија со којашто го зголемува квалитетот на гледање на телевизиските програми, стои во соопштението.

Со интерактивната телевизија корисниците добиваат можност да ја враќаат ТВ програмата наназад седум дена и тоа овозможено на дури 50 ТВ канали. Од сега корисниците на интерактивната телевизија ќе ги добијат функционалностите за паузирање, премотување наназад, снимање на ТВ програма во живо или закажување на снимање. Интерактивните функционалности овозможуваат и подесување на ПИН код за заштита од содржини кои не се соодветни за деца.

Од денеска, сите корисници кои ќе изберат еден од Вип Комбо тарифните модели добиваат бесплатна интерактивна телевизија дури и за најниската тарифа. Промотивно корисниците на интерактивни услуги на Вип ќе добијат и три месеци бесплатен пристап до услугата Видеотека, којашто содржи Disney филмови и популарни ТВ серии.

Новите корисници и корисниците кои ќе го обноват својот договор на Вип Комбо, добиваат бесплатно нов дигитален ресивер којшто ги овозможува сите функционалности на интерактивната телевизија.

“Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на Комбо пакетите и можност самите да раководат со програмата којашто се емитува на достапните ТВ канали. Воведувањето на Вип интерактивна телевизија е уште еден доказ за нашата посветеност кон стратегијата за обезбедување квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани”, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор во онe.Вип.

Постоечките корисници на Вип Комбо, каде постои техничка можност за интерактивна телевизија, може да ја активираат истата со замена на постоечкиот ресивер со нов ресивер, со еднократен надоместок или на рати.

Услугата интерактивна телевизија е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес, на локации каде постои техничка можност.