Интересни факти за говорот на телото (2)

62

На ред е второто продолжение од фактите за говорот на телото.

Велика Британија, заедно со земјите од Северна Европа и Далечниот Исток се класифицираат како земји каде обично не се прават контакти со телото при разговор.

За разлика од нив Јужна Америка, Јужна Европа и Индискиот потконтинент важат за места каде при социјализација се практикува физички допир.

Инстинктивно, жените многу повеќе имитираат други жени, отколку мажите што имитираат други мажи. Жените исто така можат да имитираат говор на телото на мажи, но тоа не важи во обратна ситуација.

Изненадување, тага, страв, гадење, среќа, лутина, срам и презир се израци на лицето коишто се природно универзални.

Говорот на телото може да биде огледало на расположението, но и “предавник“. Го потенцира или заменува говорот. Од овие неколку употреби, замената на говорот е свесен чин.

Покривање на очите, одложување на нивно отворање, спуштени на очни капаци подолг период се моќни пораки што покажуваат зачуденост, неверување и несогласување.

Повеќе интересни факти за говорот на телото може да најдете во првиот дел.

Фото: Pixabay