Интересни факти за говорот на телото

98

Фото: Pexels

Дали сте знаеле дека…

Спротивно на верувањата, најчесто луѓето кога лажат гледаат право во очи и не го тргаат погледот.

Колку повеќе старееме, стануваме посериозни. Еден возрасен човек во просек се смее 15 пати дневно, додека дете од претшколска возраст тоа го прави 400 пати.

Италијанците кога зборуваат прават драматични гестикулации со дланките и рацете, за разлика од Јапонците кои сметаат дека гестикулирањето е непристојно.

Кога го “читаат“ говорот на телото кај жените се активираат од 14 до 16 точки во мозокот, за разлика од мажите кај кои таа бројка изнесува од четири до шест.

Еден од најнавредливи гестови е покажување со прст. Во најмногу земји од светот има негативна конотација.

Кога не се чувствуваат пријатно мажите обично го допираат лицето. Жените тоа го прават со вратот, облеката, накитот, рацете и косата.

Пораката што еден човек сака да ја пренесе на друг 7% е вербална (зборови), 38% вокална, (тон на глас) и 55% невербална.

Клоцање со нога, најчесто покажува дека на личноста не ѝ е пријатно. Ова најчесто може да се забележи на интервју кога на кандидатот му се поставува прашање што не му се допаѓа.

Кога некој ги прекрстува и рацете и нозете за време на разговор, значи дека сака емотивно да се “повлече“ од конверзацијата.

Луѓето кои се смеат кога не се среќни, можат да се расположат преку смеата.