Интересни факти за магарешкото млеко…

250

Млекото од магаре е познато уште од времето на старите Римјани, кои ова млеко го сметале за луксузен пијалак. Се верува и дека Клеопатра се капела во магарешко млеко, за да ја задржи убавината на својата кожа. Денес ова млеко е едно од најскапите, бидејќи моменталната цена на пазарот се движи од 40 до 50 евра за еден литар.

Хрватски Агробиз одвојува 10 интересни факти за ова млеко:

Магарешкото млеко содржи 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото млеко.

Магарицата во тек на лактација за две години може да даде најмногу 40 литри млеко.

Ова млеко по својот состав е многу блиску до мајчиното млеко.

Не содржи штетни бактерии кои би можеле да им наштетат на здрави деца.

Има најмал процент на млечни масти од сите видови на млеко.

Поради високот ниво на ензими, магарешкото млеко се смета за природен антибиотик.

Млекото од магаре може да се пие свежо, без да се пастеризира.

За да се направи еден килограм сирење, потребни се дури 25 литри магарешко млеко.

Од ова млеко се прават и козметички препарати, сапуни и крема за лице.

Во светот ова млеко се користи како афродизијак.

Фото: Pixabay