Интересни факти за технологијата

366

Неколку интересни информации за технологијата низ годините.

macbook-606763_960_720

Фото: Pixabay

Во просек, секоја секунда на eBay има трансакции во вредност од 680 долари.

Дури 91% од возрасната популација го чува својот мобилен на дофат секој час и секој ден.

Секоја минута, 100 часа видеа се прикачуваат на YouTube од различни корисници.

Првото лого на Apple беше со Исак Њутн како седи под дрво, од коешто паѓа јаболко.

Еден просечен корисник на компјутер трепка седум пати во минута, додека вообичаено тоа треба да биде 20 пати.

Првото видео коешто беше изработено во 1956 година имаше големина колку едно пијано.

Првиот аларм можеше да ѕвони само во четири часот наутро.

На радиото му требаа 38 години за да достигне 50 милиони слушатели, додека на телевизијата значително помалку, 13 години.

Оние кои беа сликани со првиот фото апарат мораа да седат мирни осум часа.

Генерално, луѓето читаат за 10% побавно од екран отколку од хартија.

Дури 86% од луѓето се обидуваат да приклучат USB наопаку.

Од 2008 година, па наваму видео игрите се повеќе продавани од двд-ата.

Првиот домејн www.symbolics.com беше регистриран на 15 март 1985 година.

90% од текстуалните пораки се читаат во првите три минути од примањето.

Првиот персонален компјутер беше создаден од Berkeley Enterprises. Неговото име беше Сајмон и се продаде по цена од 300 долари во 1950 година.

Првиот “глушец” го измисли Даглас Енгелбарт во 1963 година. Се состоеше од цврст дрвен оклоп со две метални тркалца.