Интересни факти за виното

31

Традицијата да се наздравува со вино удирајќи ги чашите една од друга потекнува од Стариот Рим. Римјаните ја користеле оваа техника со цел да се уверат дека нема отров во чашите (виното при ударот се истурало по малку и во другите чаши).

Исто така, во Стариот Рим на жените им било забрането да пијат вино. Доколку мажот ја видел својата жена како пие вино, според законот имал право да ја убие.

Старите Египќани не го сакале виното. Кралевите го избегнувале виното поради верувањето дека тоа е крвта на луѓето кои се обиделе да им се спротивстават на Боговите. Па така, ирационалното однесување во пијана состојба го препишувале токму на тој “факт”.

За време на прохибицијата во САД, производителите на концентриран сок од грозје ја искористија ситуацијата, наведувајќи ги купувачите дека откако ќе го измешаат концентратот со вода, да не го чуваат шишето повеќе од 20 дена затоа што ќе се претвори во вино.

Виното не се чува во кујната, ниту во фрижидер. Доколку сакате тоа да ги зачува своите карактеристики, чувајте го на темно и суво место, како на пример подрум или некој затворен шпајз.

Постојат луѓе кои имаат фобија од вино – оенофобија. Звучи чудно, но оваа фобија им предизвикува навистина непријатни чувства, особено ако седат во ресторан.

Доколку поседувате колекција на шишиња вино, не ги чувајте во исправена положба. Тоа ќе ја исуши и собере тапата, а може да влезе и воздух во шишето. (Освен ако се работи за вештачка тапа).

Светскиот шампион во препознавање на сорти вино беше прогласен во 2003. Ричард Џалин од Шведска успеа да препознае 43 од вкупно 50 различни сорти вина. За споредба, второпласираниот препозна само четири.

Фото: Freepik