Интересни факти за виното

272

Што ќе одговорите ако денеска ве прашаат што славите – Свети Трифун или Свети Валентин? Што и да одговорите, денешниот ден нека помине во знакот на убавото вино и искрената љубов.

Подолу ви откриваме неколку интересни, повеќе или помалку познати факти за виното:

Пиење вино во мали дози е подобро за здравјето одошто воопшто да не се пие.

Во светот постојат и луѓе кои имаат страв од вино, па нивната фобија се нарекува oenophobia.

Има посебен начин на којшто треба да ја држите чашата за вино. Држете ја чашата за нејзиното столче, а не за горниот дел каде што е наточено виното, бидејќи топлината од вашата дланка може да го загрее.

Виното не содржи ниту масти, ниту холестерол, но тоа не значи дека треба да претерувате.

Во една чаша вино има толку антиоксиданси, колку во 20 чаши сок од јаболка или седум чаши сок од портокал.

Франција, Шпанија и Италија се најголеми и најпознати производители на вино во светот.

Обичајот со чукнување на чашите и здравицата – На здравје, датира од времето на стариот Рим.

Едно дабово дрво треба да биде старо најмалку 170 години за да може од него да се направи бочва за вино.

Во светот постојат над 10.000 сорти на винско грозје.

Хипократ, кој е познат како “татко на медицината“, користел вино во многу од своите лекови за смирување на треска и како антисептик.

Најстарото шише вино во светот е пронајдено во Германија, а датира од 325-тата година пред нашата ера.

Eiswein е вино што се произведува во Германија, а е поинакво бидејќи е направено од замрзнато грозје.

Во едно шише има 750 милитри вино, што е доволно да се наполнат четири чаши, а за да се добие потрошени се 2,4 килограми грозје.

Во една бочва собира околу 295 шишиња вино, 1.180 чаши или околу 740 килограми грозје.

Добро е да се знае и разликата меѓу сомелиер и енолог.

Фото: Pexels