Интерконтинентал во Прага ќе служи мед од кошниците со пчели на покривот

67

pceli 1

Хотелот Интерконтинентал во Прага постави кошници со пчели на својот покрив. Луксузниот хотел со пет ѕвездички добиениот мед ќе го служи за доручек на гостите. Поставени се три кошници, со по 10.000 – 15.000 пчели, а првиот мед се очекува во мај следната година.

За пчелите ќе се грижат пчеларот Аугустин Увачик и шефот на кујната, Мирослав Кубец.

“Од хотелот кој се наоѓа во историскиот центар на Прага, пчелите летаат до периферните делови на градот, но најмногу ги сакаат градините и парковите во близина, каде цветаат бројни дрвја и растенија, меѓу кои и оние од далечните краеви”, објаснува Увачик.

Овој проект не е ништо ново. Вакви кошници за пчели веќе има на покривите на Интерконтинентал хотелите во Њујорк и Варшава.

pceli 2

pceli 3