Интернационален ден на Кредитните унии ICU Day

75

Drvo na zelbi

Традиционално од 1948 година, Интернационалниот ден на кредитните унии се прославува секој трет четврток во месец октомври. На овој ден се потенцира историјата на движењето на кредитните унии. Целта е да се подигне свеста за кредитните унии и да се искаже благодарноста на членовите на кредитните унии.

Оваа година, Интернационалниот ден на Кредитните унии се одржува на 16 октомври. Мотото за оваа година е Local service, Global good – Локална заедница за глобално добро, со цел да се истакне  позитивното влијание на кредитните унии во нивните заедници и во целиот свет.

“Интернационалниот ден на Кредитните унии е основан за да се признае силното влијание на кредитните унии во нивните заедници, локално и глобално”, изјави Брајан Бранч, претседател и извршен директор на Светскиот совет на кредитни унии.

Штедилница ФУЛМ како дел од Светскиот совет на Кредитни унии ја имаше честа да биде домаќин на Бранч, оваа година по повод 15 години од своето постоење. На прославата гостите од кредитните унии од САД, Полска, Ирска, Обединетото Кралство, Романија, Естонија, Албанија и Молдавија го споделија своето искуство за влијанието на нивните кредитни унии врз локалната заедница и ефектите на глобално ниво.

Поттикнување на членовите да штедат во домашна валута и кредитирањето на земјоделци, студенти, вработени и невработени лица, микро – претприемачи и пензионери и понатаму ќе биде основна определба на ФУЛМ преку успешната соработка со локалната заедница.

Штедилница ФУЛМ од септември ја започна кампањата Земи кредит и замисли желба, со цел да им ја исполни желба на своите членови по повод Интернационалниот ден на кредитни унии.