Интернешнел хотелс донесе предлог одлука за распоредување на добивката остварена во текот на минатата година.
“Утврдената нето добивка за 2016 година во износ од 6.626.403 денари не се распределува и се пренесува во наредната година како акумулирана добивка“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Оваа предлог одлука ќе се најде на Собранието на акционери на Интернешнел хотелс, што ќе се одржи на седми јуни оваа година.