Интернешнел хотелс ќе ја акумулира ланската добивка

22

kontinental-580x377

Интернешнел хотелс донесе предлог одлука за распоредување на добивката остварена во текот на минатата година.

“Утврдената нето добивка за 2016 година во износ од 6.626.403 денари не се распределува и се пренесува во наредната година како акумулирана добивка“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Оваа предлог одлука ќе се најде на Собранието на акционери на Интернешнел хотелс, што ќе се одржи на седми јуни оваа година.