Интернешнел хотелс прокнижи добивка од 5,6 милиони денари за шест месеци

19

kontinental-580x377-580x377-580x377

Интернешнел хотелс во првото полугодие прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.663.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од 2015 година, компанијата прикажа загуба од 5.707.000 денари.

“Во второто тримесечје се остварени поголеми резултати споредбено со истиот период во претходната година, како резултат на зголемениот обем на работа. Со оглед на тоа дека основната дејност на компанијата е хотелско – угостителска дејност, остварени се вкупно 17.885 ноќевања, што е за 60,39% повеќе во споредба со 2015 година, кога беа остварени 11.151 ноќевања“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од годината беа 53.363.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 36.051.000 денари.