Интернешнел хотелс, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа загуба од 6.824.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
“Во првото тримесечје се остварени помали резултати споредбено со истиот период во претходната година, како резултат на намален обем на работ. Со оглед на тоа што основна дејност на друштвото е хотелско угостителска дејност, остварени се вкупно 3.978 ноќевања, што е за 33% помалку во споредба со 2016 година“, стои во Коментарот кон билансот на успех.
Истиот период во 2016 година, загубата беше на ниво од 2.596.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од оваа година изнесуваат 14.868.000 денари, додека на крајот на март 2016 година имаа вредност од 18.362.000 денари.
Интернешнел хотелс е компанија што раководи со Хотел Континентал во Скопје.