Интернешнел хотелс, од први јануари до 30-ти септември оваа година, евидентираше загуба од 11.309.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Загубата на компанијата истиот период лани беше 6.351.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигна 67.277.000 денари.
Интернешнел хотелс е компанија што раководи со хотел Континентал во Скопје.
Фото: Pixabay