Интернешнел Хотелс за шест месеци прокнижи 19,6 милиони денари загуба

53

Интернешнел хотелс првото полугодие од оваа година го заврши со загуба од 19.659.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни лани, компанијата прикажа загуба од 13.964.000 денари.

“Негативниот финансиски резултат од работењето Друштвото го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот COVID -19, како и согласно Одлуката на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели, во која категорија спаѓа Интернешнел хотелс АД  Скопје. Како последица на донесената одлука се одрази во голема мера во работењето поради откажување на сите аранжмани, затварање аеродроми и граници во средината на март 2020 година. Со оглед на тоа дека глобалната здравствена пандемија сè уште трае и се одразува и на севкупната економија во светот, при што ваквата состојба се очекува да продолжи во следниот период, се соочуваме со неизвесност во однос на условите и периодот кога повторно ќе се отпочне со работа со својата дејност“, стои во Коментарот кон билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни годинава, достигнаа вредност од 9.317.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 34.860.000 денари.

Интернешенел Хотелс АД Скопје е компанија којашто раководи со Хотел Континентал во Скопје.