Интернет измамите поопасни од “традиционалниот“ грабеж на банки

16

cyber kriminal

Сајбер криминалот во банкарскиот сектор зема се поголем замав и прави многу поголеми штети од традиционалната форма на грабежи на банките во Европа, соопшти Euractiv.

Бројките покажуваат дека on line измамите поврзани со интернет плаќањата во текот на 2012 година предизвикаа загуба од 794 милиони евра, што е зголемување за 21% во однос на претходната година.

Податоците на Европската банкарска федерација покажуваат дека во 2013 година 32 земји од Европа пријавиле вкупно 2.347 грабежи, што е намалување од 11% во споредба со 2012 година.

Регистрирани биле и 175 напади на готовина во транзит, што е намалување од 29%, тренд што трае веќе четири години.