Интернет курсеви за земјоделско претприемништво

3

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска во Струмица организира работилница за имплементација на курсеви за земјоделско претприемништво преку Интернет.

Курсевите се спроведуваат во рамките на проектот Агро – Старт (Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија во сточарското и растителното производство) чија цел е преку иновативни прстапи да го поттикне развојот на земјоделското претприемништво.

ФФРМ е една од 12 организации кои се дел од проектот Агро – старт што се спроведува во Македонија, Бугарија, Албанија, Романија, Грција, Словенија и Италија.