Неколку црногорски хотели се поврзани со базата на податоци на Интерпол, во која се вршат проверки на сите гости, за да се утврди дали некој од нив користи лажни или украдени лични документи.
Раководителот на Националното централно биро на Интерпол, Дејан Ѓуровиќ, вели дека наскоро Интерпол ќе има слична конекција и со националната авиокомпанија, но и со банкарскиот систем, јавува РТЦГ.
Ѓуровиќ вели дека станува збор за тест проект за ширење на сервисот на Интерпол на приватниот сектор, а Црна Гора е прва во светот што го применува.