Интерпромет од Тетово за три месеци прокнижи 1,3 милиони денари

44

Trade Key Shows Online Buying And Selling

Акционерското друштво Интерпромет од Тетово од први јануари до 31-ви март 2016 година работеше со добивка од 1.391.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1.587.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година достигнаа 5.243.000 денари, додека тој период во 2015 година беа на ниво од 5.397.000 денари.

Компанијата Интерпромет се занимава со трговија на мало во неспецијализирани продавници.