Инвестициите во јаглен годинава ќе се зголемат за 10%

12

Глобалните инвестиции во енергијата се на пат да скокнат за повеќе од 8 отсто во 2022 година и да достигнат 2,4 трилиони долари, со значително зголемување на инвестициите во синџирот на снабдување со јаглен, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (МАЕ).

Во најновиот извештај на МАЕ за глобалните енергетски инвестиции се наведува дека инвестициите во чиста енергија годинава ќе надминат 1,4 милијарди долари, што претставува „речиси три четвртини од растот на вкупните енергетски инвестиции“.

„Просечната годишна стапка на раст на инвестициите во чиста енергија во текот на петте години по потпишувањето на Парискиот договор за климата во 2015 година беше нешто повисока од 2,0 отсто“, се вели во резимето на извештајот, пренесе CNBC.