Инвестициските банки вработуваат психолози

20

Помина времето кога инвестициските банки бараа само финансиски гении кои ќе им помогнат во донесувањето на одлуки. Сега се бараат и психолози, за да добијат подобра претстава за тоа како работи умот на инвеститорите, пренесува CNBC.

“Според класичните економски модели ние сме целосно рационални и генерално, нашите финансиските теории се базираат на тоа тврдење. Но, не треба да погледнеме далеку околу нас за да сфатиме дека не сме потполно рационални цело време. Всушност, пазарите во голем дел се водени, особено краткорочно, од анксиозност, стрес и ентузијазам”, коментира експертот на Barclays, Грег Дејвис.

Како бихевиорист во Barclay, Дејвис им помага на клиентите да станат подобри инвеститори. Тој им помага да се сфатат себе си и како подобро да донесат долгорочни решенија за своите инвестиции контролирајќи ги емоциите.

“Во моментов има многу голем капитал што би можел да се инвестира, но луѓето се воздржуваат од инвестирање и се одлучуваат на посигурни варијанти. Така на пример, има силен интерес за колекционерство на вредни предмети, затоа што луѓето се чувствуваат емотивно посигурни купувајќи уметничко дело што може да го види и да го допре, отколку да инвестира во економијата”, вели Дејвис.