Инвестирал 8.000 долари и заработил 5,7 милијарди долари за 400 дена

224

Анонимен инвеститор го претвори почетниот капитал од 8.000 долари во богатство од 5,7 милијарди долари во криптовалути, купувајќи милијарди шиба ину коини веднаш по дебито на таа криптовалута.

Во серија тргувања во август 2020 година, инвеститорот купил околу 70 трилиони монети кои се појавија на пазарот на криптовалути на 1 август 2020 година.

Во времето кога инвеститорот ги купил монетите од 8.000 долари, една монета вредела 0,000000000189 долари. Во моментот на пишувањето на статијата вредеше околу 0.00007195 долари.

Крипто-паричникот сега поседува повеќе од 13 отсто од залихите од 549 трилиони монети, според CoinMarketCap.

Неочекуваниот пораст на вредноста на оваа криптовалута ја катапултира нејзината пазарна вредност на речиси 45 милијарди долари и ja направи Shiba Inu деветта највредна криптовалута во четвртокот наутро.