Инвеститори од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија заинтересирани за Попова Шапка

177

За ски-центарот Попова Шапка во игра се потенцијални инвеститори од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија, рече премиерот Зоран Заев. Во овие преговори вклучена е и намерата и идеја, Попова Шапка заедно со ски-центарот Брезовица од Косово да бидат заедничка понуда до инвеститорите.

“Верувам дека ќе се најдат сериозни инвеститори овој одличен туристички потенцијал за развој на државата. Владата на Косово, очекуваме иако е во криза состојба, да дадат согласност, заедно Попова Шапка и Брезовица, заеднички да ги понудиме за развој на инвестиции во скијачкиот туризам“, потенцираше Заев.

Според него, јавно-приватно партнерство е поприфатливо за државата. Физибилити студијата овозможува и јавно приватно партнерство и целосна приватизација.

“Јас би ја оставил државата партнер. Затоа што за државата останува трајна вредност, не инвестира пари државата, а има сериозна добивка. Државата може да ги понуди хотелите, може да ја понуди жичарата, местото, може да понуди концесии, комплетно да бидат наше учество. Приватниот партнер нека инвестира пари, ќе определиме на бизнис план, колку тоа вреди и толку ќе биде процентот за државата. Но, убаво е кога државата е партнер на приватниот партнер и тоа и дава силина и тежина, затоа сум повеќе за јавно приватно партнерство“, рече Заев.

Ова, истакна, е одлична можност за развој на зимскиот туризам.

“Ако се реализира овој проект, зимскиот туризам за нашата Македонија овде на Попова Шапка навистина ќе го смени ликот на државата, имиџот на државата, ќе даде содржини на граѓаните своето слободно време да го посветат на себе на семејствата, бидејќи е неповторлива дестинација. Во Бугарија, Грција и Србија неколку саати се потребни од аеродромите до ски-центрите. Кај нас е во минути“, истакна Заев,