Инвеститорите вложуваат пари во стартапи за воена технологија како да нема утре

75

Стартапите со воена технологија уживаат во рекорден инвестициски бум предводен од фирми за ризичен капитал (VC). Тој бран на инвестиции е поттикнат од руската инвазија на Украина и тензиите меѓу САД и Кина, што доведе до верување дека САД ќе почнат да ангажираат одбранбени технолошки компании од Силиконската долина, објави Financial Times (FT).

Компаниите за ризичен капитал обезбедија повеќе од 200 договори во првите пет месеци од оваа година, според извештајот. Тие зделки беа во вредност од скоро 17 милијарди долари.

Силиконската долина долго време ја избегнуваше воената технологија, претпазлива за врските со „контроверзните“ војни на другите континенти, како и за бавниот систем за набавки на Пентагон, кој ги фаворизира традиционалните одбранбени компании кои не се ризични, се вели во извештајот.

Инвеститорите и основачите изјавија дека во сегашната ситуација, стартапите би можеле да го земат својот дел од колачот со добивање дел од буџетот за одбрана на САД, вреден рекордни 886 милијарди долари за 2024 година.

Пазарот на одбранбена технологија се очекува да порасне на 184,7 милијарди долари до 2027 година, поттикнат од зголемената побарувачка на американската влада за иновативни технологии за исполнување на нејзините национални безбедносни цели, според истражувањето на PitchBook.

Одбранбениот стартап Mach Industries собра 5,7 милиони долари.

„Апетитите значително се променија откако започнавме во 2015 година“, вели во извештајот Брендон Ценг, ко-основач и претседател на ShieldAI, компанија која произведува  беспилотни летала со вештачка интелигенција. Таа година им понудивме на инвеститорите и сите 30 нè одбиja. Потоа Русија ја напаѓа Украина и одеднаш сите се заинтересирани“, тврди тој.

Одбранбената технологија, како и пред вештачката интелигенција, може да се покаже имуна на падот на финансирањето што неодамна го погоди светот на стартапите, се вели во извештајот.