Инвеститорско стампедо – еве што се продава, а што се купува

142

Информациите за успешноста на вакцините против Ковид -19, резултираше со глобално инвестициско стампедо во продавање и купување на акции. Истовремено, инвеститорите распродаваа злато.

Како што објави Bank of America, во изминатите неколку дена глобалните инвеститори вбризгаа 27 милијарди долари во акционерски фондови. Позитивните вести за вакцината резултираа со еуфорично купување акции од секторите најпогодени со пандемијата, како туристички и нафтени компании.

Банката објави дека приливот на капитал во глобалните акции во изминатите две недели скокна на 71,4 милијарди долари.

Акциите на американските компании и оние од растечките пазари најмногу се купувале.

Фото: Pixabay