Инженер од Србија најде спас за паркинг

265

Повеќето возачи низ цела Србија се борат со години – како да најдат простор за паркирање. Сепак, се чини дека овој проблем наскоро би можел да биде дел од минатото, благодарение на еден млад инженер од Чачак, Бранимир Плазиниќ (32), кој, по примерот на јапонскиот модел, дизајнираше ротирачки систем за паркирање, пренесува B92.

На само две паркинг места може да се сместат до 20 возила.

“Станува збор за автоматски систем за паркирање со вертикално пренесување на автомобили. На две паркинг места може да стојат два система,  тоа значи дека наместо два автомобила може да се паркираат 20 возила, што значи дека ќе се олесни секојдневието на граѓаните“, рече Бранимир.

Како што објасни тој автомобилот се паркира на почетната долна позиција, а со стискање на копче или испраќање на порака, автомобилот ќе се подигне, и така со секој следен автомобил.

“Ако сакате да го земете возилото испраќате порака и кружно повторно доаѓа на почетната позиција“, објаснува Бранимир.

Младиот инженер истакнува дека овој Made in Serbia систем ќе биде поквалитетен и технолошки понапреден во однос на оние од Јапонија и Kина, бидејќи преку мобилна апликација ќе може да се резервира место за паркирање, а ќе се добива и известување за најблиско паркинг место.

Фото: YouTube Printscreen