ИПА проект за заштита на Дојранското Езеро

22

Nace Popov - Dojransko ezero Делегација на општина Дојран, предводена од градоначалникот Борче Стамов, престојуваше во Грција во работна посета на општина Кукуш. Градоначалникот Стамов со својот колега, Венгелис Баласкас оствари средба на која целта беше потпишување на партнерски договор меѓу двете општини за реализација на ИПА проектот Заштита на животната средина на Дојранското Езеро и општина Кукуш.
Проектот опфаќа реконструкција на постојната пречистителна станица во Нов Дојран и воведување на најсовремена технологија на пречистителната станица во Кукуш. За проектот се одвоени 501.799 евра, од кои 309.734 евра и се доделени на општина Дојран.
“Според нашите проценки, од почетокот на летната турситичка сезона, Дојран ќе ја добие пречистителната станица, со што ќе ги примени најновите животни стандарди пропишани од Европската Унија”, изјави градоначалникот Стамов.