Иран го отвора Ормтускиот Теснец, нафтата веднаш поевтини

Цените на нафтата паднаа откако Иран објави дека Ормутскиот Tеснец ќе биде целосно отворен за комерцијални бродови во согласност со прекинот на огнот меѓу Израел и Либан.

Цената на барел сурова нафта „брент“ падна на 88 долари за барел, откако претходно беше над 98 долари.

Ормутскиот Теснец е појас што го поврзува Заливот со Арапското Море, преку кој обично се транспортира една петтина од светската нафта и течен природен гас.

По објавата, како што пишува Би-би-си, глобалните пазари, исто така, се зголемија, при што главните американски берзански индекси пораснаа во раното тргување.

Европските акции, пораснаа како реакција на веста. Индексот Cac во Париз и Dax во Франкфурт се искачија за повеќе од два отсто, додека лондонскиот FTSE 100 се зголеми за околу 0,5 проценти.

Пред конфликтот, суровата нафта од типот „брент“ се тргуваше за под 70 долари за барел. Се искачи над 100 долари пред да достигне врв од над 119 долари за барел во март.