Иран, Русија и Турција размислуваат за заедничко производство на автомобили

67

Претставници на автомобилската индустрија од Иран, Русија и Турција размислуваат за заедничка програма за дизајнирање и производство на автомобили.

„Постои голема можност за трипартитна соработка меѓу производителите на автомобили од трите земји. Тие можат да заземат голем дел од пазарот“, изјави шефот на Иранската асоцијација на производители на автоделови, Мохамадреза Наџафи-Манеш, пренесува Бета.

Според него, предлогот прв го претставила Турција, а Русија е „заинтересирана“.

Многу западни производители на автомобили почнаа да произведуваат автомобили во Русија во последните две децении, но од почетокот на руската инвазија на Украина, повеќето се повлекоа. Западните земји воведоа санкции кон Русија, кои ја попречуваат автомобилската индустрија во земјата.