Ирска го зголеми извозот за 4,7% во 2020 година

40

Ирска во текот на минатата година извезе производи во вредност од 178,7 милијарди долари, што е 4,7% повеќе во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 53,2% од извозот на Ирска беше насочен кон европските земји, додека 32,7% за Северна Америка.

Најголем трговски партнер на Ирска се САД со 30,1% од вкупниот извоз или 53,8 милијарди долари. Потоа следат: Белгија (20,4 милијарди долари), Германија (19,9 милијарди долари), Велика Британија (16,5 милијарди долари), Кина (11,2 милијарди долари)…

Фото: Pexels